Со вечерашната претстава „Вишновата градина“, која ќе се одигра на сцената на МНТ во 21 часот, се одбележуваат 40 години уметничка дејност на актерите: Снежана Конеска-Руси и Томе Витанов.
Претставата на Чехов ја режираше Трајче Ѓорѓиев, а улогите ги толкуваат: Раневска Љубов Андреева – Снежана Конеска-Руси, Ања, нејзината ќерка – Кристина Ласовска, Гаев Леонид Андреевич, нејзин брат – Томе Витанов, Лопахин Ермолај Алексеевич, трговец – Сашко Коцев, Трофимов Петар Сергеевич, студент – Гораст Цветковски, Симеонов- Пишчик Борис Борисович, поседник – Кирил Коруновски, Епиходов Сејмон Пантелеевич, работоводител – Никола Ристановски, Варја, посвоена ќерка на Раневска – Благица Трпковска, Дуњаша, собарка – Сашка Димитровска, Јаша, млад лакеј – Валентин Костадиновски, Фирс, старец – Александар Шехтански
– Да се истражува во Вишновата градина, значи да се копа во неа, да се закројат дрвцата, да се бојосаат со вар, да ги гледаш како цветаат, да ги собереш плодовите, да уживаш во нив. Понекогаш градината може и да заболи, да се исуши. А, тоа понекогаш може да значи дека таа треба и да се исече. Не плашете се од авантурата да станете градинар. Помалку или повеќе, секој од нас некаде на некое место во овој свет има своја градина. Негувајте ја – вели режисерот Трајче Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“