Американскиот претседател Доналд Трамп откако на Твитер и порача на Русија да се подготви за „нови и паметни ракети“ во Сирија, 40 минти подоцна напиша „Да ја прекинеме трката во вооружување“.
– Нашиот однос со Русија е на полошо ниво од кога било, вклучително и од времето на Студената војна. Нема причина да биде така. На Русија и е потребна нашата помош со нејзината економија, што на нас би ни било многу лесно да го сториме, а на нас ни треба сите држави да работат заедно. Да ја прекинеме трката во вооружување?, напиша Трамп во вториот твит.
Односите помеѓу САД и Русија се влошија по извештаите за хемиски напад во сирискиот град Дума, за што е обвинет режимот на Башар ал Асад, кој има поддршка од Моска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.