Јавен обвинител во Битола изврши увид на местото каде доцна синоќа во престрелка со полицијата беше повреден разбојник.
При обид да се изврши претрес на куќата каде разбојникот престојувал, осомничениот почнал да пука кон полицијата, која возвратила. Во престрелката осомничениот се здобил со прострелни рани во пределот на нозете и е пренесен во Клиничката болница во Битола.
Се наоѓа во стабилна здравствена состојба и над него ќе биде извршен оперативен зафат.
Претходно во продавница во Битола било извршено разбојништво, при што, инспекторите од СВР Битола го известиле дежурниот јавен обвинител дека можниот сторител е скопјанец кој престојува кај својата девојка.
Заради пронаоѓање предмети што се важни за кривичната постапка, била издадена наредба за претрес на домот и други простории на адресата на девојката.
извор: top.sky.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.