| четврток, 6 декември 2018 |

Комерцијална банка се пресели во новата зграда

San Marko Komercijalna

Комерцијална банка АД Скопје од денеска се пресели во новото седиште во административната стаклена зграда на плоштадот „Македонија“, односно на ул. Орце Николов бр. 1, Скопје. Во соопштението објавено на Македонска берза, Банката соопшти дека новите телефонски броеви за контакт се објавени на веб-сајтот на Банката, а бројот на централата на Банката е 3168-168.

Комерцијална банка ја продаде старата зграда за сума од 21,7 милиони евра, без даноци и давачки, а новиот објект стана нејзина сопственост откако ја реализираше хипотеката за одобрен кредит на фирмата „Уни-М“ поради неплаќање кредит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top