Тања Бошковиќ, познатата српска глумица откри дека има силна желба да стане калуѓерка, наведувајќи дека во верата го пронашла својот духовен мир. Оваа нејзината изјава во јавноста беше пречекана со изненадување.
– Посетите на манастирите и разговорите со монасите ме прават среќна. Би сакала да се замонашам – открила за „Глорија“ Бошковиќ која наскоро ќе го прослави 65. роденден.
За тоа колку и е важна духовноста, таа досега говорела многу пати.
– Кога бев млада имав многу сила и малку мудрост. Во еден момент остварив длабока врска со Бога и тогаш почнав да го набљудував светот околу себе – изјави Бошковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.