Големата актерска ѕвезда, Тања Бошковиќ, ја освои наградата за најдобро актерско остварување на годинашниов ФКТ „ Ристо Шиишков“ во Струмица.
Според жирито предводено од ланскиот лауреат Зијах Соколовиќ , Бошковиќ со својата актерска креација изразена низ повеќе стилови, успеала да направи одлична комуникација со публиката. Тања Бошковиќ ја доби наградата за улогата на Марија Клаиќ во претставата „Солзите се ок“, работена по текст на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, во режија на Милан Караџиќ, а во продукција на Звездара театар од Белград.
-Јас сум многу возбудена, почестена сум и знам дека не ја заслужувам наградата со името Ристо Шишков, но ќе се потрудам до крајот на својот живот да ги чувам спомените на големиот глумец, големиот актер, на човекот кој што се бореше за достоинството на актерот и тоа е огромна обврска. Се плашам дали ќе успеам, бидејќи пет години сум во пензија, моите сили паѓаат, но ќе се трудам и ќе се борам за достоинството на актерот, изјави по врачувањето на наградата, Тања Бошковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.