| четврток, 6 декември 2018 |

Кога во кралското семејство ќе пристигне третото дете, принцезата Шарлот ќе влезе во историјата

За неколку недели светот ќе го запознае третото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Кога новото дете ќе се роди, принцезата Шарлот ќе стане прва женска наследничка на британската круна која ќе ја задржи својата позиција во линијата на наследување.

Без оглед дали ќе се роди момче или девојче, двегодишната принцеза ќе остане четврта по ред наследничка на круната, зад својот дедо Чарлс, таткото Вилијам и постариот брат Џорџ.

Детето кое ќе се роди ќе биде петто по ред во линијата на наследство, а чичко и Хари ќе се спушти на шесто место.

Шарлот ќе биде прва принцеза во историјата која ќе има предност на наследување на круната пред братот, ако се роди принц. По законот за наследување од 2013 година укината е примогентурата и принцовите веќе немаат предност над постарите сестри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top