Принцезата Шарлот јавноста нема многу можности да ја види, освен кога со родителите Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, ќе се појави на некој настан или кога кралското семејство ќе објави нејзина фотографија. Поради оскудноста на информациите за кралските правнуци, скоро никој не ги знае нивните интереси. А Шарлот има многу хобија, меѓи кои, како што тврди нејзниот татко, е и танцувањето.
На прославата на Комонвелтот принцот Вилијам на премиерот на Малта, Џозеф Мускат му рекол: И мојата ќерка обожува да танцува, откако Мускат му открил дека неговите близначки посетуваат драмско училиште, во кое меѓу другото, учат да танцуваат.
Талентот и љубовта кон танцот, Шарлот ги наследила од принцезата Дајана, која била фантастична танцувачка.
-Таа сакаше да танцува и беше фантастична во тоа – се присетил и Вилијам на својата мајка.
Освен што сака да танцува, Шарлот ужива и во учењето странски јазици. Така од својата дадилка Марија Турион Бораљо, која е од Шпанија, веќе научила доста шпански изрази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто принцезата Шарлот не смее да седи на иста маса со останатите?
-
Шефица од мали нозе: Што им правеше принцезата Шарлот на другите деца на свадбата на чичко и?
-
Принцезата Шарлот го украде шоуто, таа беше главна ѕвезда (видео)
-
Кога во кралското семејство ќе пристигне третото дете, принцезата Шарлот ќе влезе во историјата