| четврток, 6 декември 2018 |

МВР го затвори кругот: Приведен и последниот осомничен за настаните од 5 април во Мала Речица

СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР, го документираше и расчисти случајот од 5 април во Мала Речица во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени и до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица.

Полицијата го уапси Д.Ф., по кој се трагаше во врска со престрлката во Мала Речица, каде едно лице загина, а двајца беа повредени. Извори од полицијата за МИА изјавија дека Д.Ф. е приведен и однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Судија на претходна  постапка нему како и на останатите 11 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Против 12-мината се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „убиство“, „убиство во обид“ и „соизвршителство“.

Како што соопшти МВР, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и соизвршителство во вршењето на тоа дело, предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РМ, како и  две кривични дела „убиство во обид“  по член 123м, а во врска со член 19 од КЗ на РМ,  до ОЈО Тетово кривично пријавени се лицата: М.Н. (40), М.Х. (34), М.Ф. (23), М.Б. (21), М.И. (21), М.М. (24) сите од село Черкези – кумановско, потоа Р.С. (42), К.Х. (42), Р.Б. (41) тројцата од Куманово, како и Р.Д. (44) од с.Черкези, Љ.Б. (40) од Елбасан (Р.Албанија) и Д.Ф. (22) од село Опае – липковско.

Десетмина од пријавените се предадени на Судија на претходна постапка кој што на сите дванаесетмина пријавени веќе им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top