На денешен ден 1999 година беше убиен Благојче Крстаноски.
Благојче Крстаноски (Ливоишта, Охрид, 29 март 1974 – Горно Блаце, Скопска Црна Гора, 7 април 1999) бил македонски бранител и специјалец. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Се претпоставува дека е убиен од британските САС, бидејќи за време на косовската војна извршуваа тајни акции и соработувања со терористичката ОВК. Сторителите професионално го извршиле убиството.
Со пригодна свеченост, во Ливоишта, лани се отвори спомен обележјето – Чешма посветена на Благојче Крстаноски.
Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.
Ден денес за смртта на Благојче, припадник на Полкот за специјални операции и граничар, не се знае вистинската случка кој го убил. Претпоставка е дека е убиен од британските САС, бидејќи наводно во тој период за време на косовската војна САС соработувале со Косоварите. Никогаш државата не даде образложение како се случило тоа, а неговото семејство дојде до образложение од негов колега од Свети Николе кој со него бил на стражарење истиот ден кога погинал Благојче.
Според колегата, пред завршувањето на смената заминал да се бања, а во тоа време Благојче го поправал неговиот часовник на балконот бидејќи знаел да поправа некој проблеми на часовниците за кои се интересирал уште од детството. Кога колегата излегол од купатилото се слушнале неколку кратки рафали од автоматско оружје, тогаш Благојче ја зел пушката, и тоа без снајпер, и трчал кон местото, а колегата бил едно 200м зад него. Колегата неколку пати свикал кон Благојче да се врати бидејќи можно е да биде стапица.
Крстаноски застанал на една карпа во лежачка положба и го барал напаѓачот. Напаѓачот бил под карпата и го пукал со скорпион со придушувач во градите. Дури и кога неговиот колега пристигнал со трчање не го видел сторителот воопшто. После неколку дена односно кога му направија обдукција на телото на Благојче, неговиот колега рашетувајќи го теренот околу карпата наоѓал чаури под карпата, идентични на тие што кога се пукало во Благојче. Тогаш бараа отпечатоци но никако не можат да најдат, што претпоставката повеќе води кон британските САС бидејќи ова дело е сторено професионално.
Ден денес колегата му го чува часовникот облеан со крв и се колни дека никогаш нема да ја избриши кртвтата. Сторителот на ова дело никогаш не е фатен. Благојче Крстаноски е постхумно одликуван со медалот за храброста.
извор: ohridnet.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.