Реакцијата за наводното муслиманско потекло на кралицата Елизабета втора е главна тема на арапските медиуми овие денови.
– Кралицата Елизабета мора да бара право да владее со муслиманите“, е наслов на веб форумот на мрежата Arab Atheist.
Како што пишуваат медиумите од Казабланка до Карачи, вританската монархија потекнува од пророкот Мухамед, што кралицата Елизабета ја прави роднина на кралевите на Мароко и на Јордан.
Ова тврдење се појави пред неколку години, но повторно го окупира вниманието на Блискиот Исток.
Во март мароканскиот весник Al-Ousboue го следеле семејното стебло на претходните 43 генерации и воочиле крвна линија преку средновековна муслиманска Шпанија до ќерката на пророкот Мухамед, Фатима. Исто така, се пишуваше и дека води поткло од Али Гома, поранешниот голем муфтија на Египет.
Сепак, сите најмногу се фокусираат на нејината поврзаност со муслиманската принцеза Заида, која во 11 век пребегала од берберскиот напад на Севиља и завршила на христијанскиот двор во Кастиља.Името го променила во изабела, ја сменила верата у го родила Алфонсо, чии потомци понатаму стигнале до Англија и имале врска со кралското семејство. Некои велат дека Заида е ќерка на Муатамид бин Абад, потомок на Мухамед. Други пак, велат дека само се омажила во неговото семејство.
Реакцијата на наводното муслиманско потекло на кралицата варира во арапскиот свет. Некои предупредија на теоријата на заговор дека ова е начин да се оживее Британската империја со помош на муслиманите.
– Таа гради мост меѓу две религии и кралства – пишува Абделхамид Ал Ауни, кој напиша текст во Ал-Асубус.
Инаку, принцот Чарлс многу е заинтригиран од исламот. Чарлс е покровител на Оксфордскиот центар за исламски студии каде пубиката ја поздравува со муслимански поздрав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.