Шест лица се повредени во пет одвоени напади со нож во четвртокот навечер во Лондон, пренесуваат британските медиуми.
Момче старо 13 години е една од жртвите, тој доби сериозни повреди во источниот дел на британската престолнина. Поради тој напад се уапсени три помлади лица, наведе полицијата.
Junction of Mile End and Roman Road another stabbing. I pray this victim stays alive. The intensity out here in East London is deep. #EnoughIsEnough pic.twitter.com/C5wVhyOt53
— Aleka Gutzmore (@alekagutzmore) April 5, 2018
Претходно е уапсен маж под сомневање дека се обидел да убие три момчиња во истиот крај на Лондон.
Двајцата 15-годишници се во сериозна, но стабилна состојба.
Уапсен е и 16-годишник, кој самиот се повредил, а неколку часа подоцна во болница во западниот дел на Лондон е примен тинејџер со повреди нанесени со нож..
Tonight in London:
– Two 15-year-olds in serious condition, and 16yo with minor injury, after Mile End stabbing.
– 13yo seriously wounded after Newham stabbing.
– Teenager in hospital after Ealing stabbing. https://t.co/PAGQKbn07A— Graeme Demianyk (@GraemeDemianyk) April 5, 2018
Првиот инцидент таа вечер се случи околу 17.30 часот кога е избоден 15-годишник. За среќа, повредите не се од тешка природа.Петтиот напад е регистриран во јужниот дел на градот, кога маж од 40-тина години е повреден со нож.
Инцидентите се случија на денот кога демонстранти и лидери на заедницата се собраа во источен Лондон за да го изразат незадоволството поради зголемувањето на насилството во престолнината, во која веќе страдаа неколку тинејџери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
„Анима Мунди“ со соопштение по трагедијата во Гостивар
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Трагедија во Србија: Бебе паднало во канта со боја, никој не знае колку време се давело