| четврток, 6 декември 2018 |

Наставничка тепала ученик во основно училиште во општина Сарај

Наставничка тепала 13-годишен ученик во основно училиште во селото Арнакија, општина Сарај.

Според информациите на МВР, вчера А.Р. од село Арнакија пријавил во полиција дека неговиот 13-годишен син на 2 април околу 11:45 часот во основното училиште „Емин Дураку“ бил физички нападнат од страна на негова наставничка, која прво го нападнала во училница, а потоа и во ходникот во училиштето.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top