| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од Владата која ќе ги спроведе изборите на кои ќе победиме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Топ Тема на Телма телевизија рече дека 100 дена пред новите предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од таа влада која во иднина би ги спровела тие избори и на тој начин може да се гарантираат фер и демократски избори.

-100 дена пред новите предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од Влада која што ќе ги спроведе и тоа ќе биде дел од условите што ќе ги содржи новиот изборен законик. Како што тоа беше услов претходно за време на предвремените избори во 2016-та година така ќе биде и сега. Тоа го кажавме веднаш после завршувањето на локалните избори го имам повторено во најмалку 2 интервјуа и еве и сега јасно и гласно го кажувам. Како опозиција мора да се чувствуваме комотно за време на избори. Мора да имаме фер избори и нашето учество во новиот изборен законик тоа треба да го гарантира, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top