Ќе се гради нов објект на Државниот архив на Македонија, соопшти денеска Владата, која оваа одлука ја усвоила на 62. седница.
Владата, како што се наведува во соопштението од прес-службата, ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на ова прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив.
Владата го задолжила Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј “Димитар Влахов“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.