„Дојди да те бакнам“ ѝ се обрати Паоло Маџели, славниот италијански режисер на македонската актерка Милица Стојанова (86) на денешната средба во Македонскиот народен театар (МНТ).
Срдечна беше средбата меѓу режисерот кој во МНТ почна да ја работи комичната претстава „Еден месец на село“ и доајенката на македонскиот театар кој денеска го прославува 73. роденден. Во пријатна атмосфера двајцата магови на театарот се присетуваа на минатото и евоцираа спомени од заедничката работа.
Освен Стојанова, на прославата денеска присуствуваше и Љупка Чундева (84) која е членка на МНТ од 1951 година, како и дел од постарата генерација, но и ансамблот на МНТ.
Националниот театар денеска го прославува роденденот со фотографската изложба „Моќта на актерот“. Изложбата прикажува 130 оригинални фотографии на триесет и двајца актери кои во МНТ работеле од првата сезона во 1945/46 година, па се до првата деценија на 21 век.
Актерот е голем и во најмалата улога, и тогаш кога влегува во ликови кои не се први на листата на учесници – е пораката од фотографската изложба „Моќта на актерот“ која денеска беше отворена во фоајето на Македонскиот народен театар по повод неговиот 73-ти роденден.
Тоа се актерите: Вера Вучкова-Жежељ, Добрила Пуцкова, Добрила Чабриќ-Ивановска, Тома Киров, Кирил Ќортошев, Цветанка Јакимовска, Ратко Гавриловиќ, Драга Арсенска-Велможин, Драги Крстевски, Стојка Цекова, Борис Стефановски, Драги Костовски, Пантелеј Мирковски, Таше Кочовски, Кирил Попов, Вукан Диневски, Чедо Камџијаш, Вукосава Донева, Катерина Крстева, Веска Вртева, Чедо Христов, Анче Џамбазова, Димитар Костов, Кирил Андоновски, Душко Костовски, Владимир Светиев, Александар Џуровски, Кирил Псалтиров, Мирче Доневски, Кирил Коруновски, Александар Шехтански и Гоце Влахов.
Во присуство на сегашни и поранешни вработени во МНТ, кустосот на изложбата Ивана Јарчевска ја отвори изложбата истакнувајќи дека таа е посветена на актерите кои ги имало во разни претстави, актери кои, како што рече, толкуваат големи и помалку големи ликови.
– Посветена им е на оние актери на кои најбројни им се т.н. епизодни ликови, без кои не може речиси ниту една претстава. Оние кои се паметат по вештината со која го создале секој лик, му го дале најдоброто од себе, секогаш сигурни во она што го вградиле при неговото оживување на сцената. Многу посветено и дисциплинирано го направиле свој, му ја дале својата душа. Низ фотографиите ја гледаме страста на овие актери со која го создале ликот во контекстот на претставата. Многу често тие се и клучната врска за откривање на аспектите и на она што е потскриено, а се случува на сцената. Нивната моќ за трансформација во т.н. помал лик буквално ја доловува суштината, рече Јарчевска на отворањето на изложбата која ќе биде поставена до 30 април.
фото: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“