Четири седници ќе одржи денеска Собранието на Република Македонија.
Пратениците на 27 собраниска седница меѓу другото ќе расправаат за измените на Законот за работните односи, како и Предлог-законот за остварување право на пензија за работниците во рударството.
На деневен ред на седницата број осум во прво читање се измените на Законот за јавно обвинителство и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година.
Пратениците на 40. седница во прво читање ќе расправаат за Предлог-законот за високото образование, а на дневен ред се и закони од сферата на праводсудството – измени и дополнувања на законите за Судскиот совет на Република Македонија, за судовите, во прво читање.
На дневен ред на 40. седница е и Предлог-национална стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година.
Во второ читање на оваа седница е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и измените и дополнувањата на Законот за полиција.
Пред пратениците на 38. седница во прво читање ќе бидат ставени измените и дополнувањата на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, електронско управување и за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.
На дневен ред се и повеќе закони од областа на медицината, меѓу кои измените и дополнувањата на законите за санитарната и здравствената инспекција и за лековите и медицинските средства, двата во прво читање.
Пратениците во прво читање ќе разгледаат и економски закони меѓу кои измените и дополнувањата на законите за основање на Агенција за енергетика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост, за Народната банка на Република Македонија, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за јавни јавните набавки, сите во прво читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст