| четврток, 6 декември 2018 |

Измените на Законот за работни односи влегуваат во Собрание

Четири седници ќе одржи денеска Собранието на Република Македонија.

Пратениците на 27 собраниска седница меѓу другото ќе расправаат за измените на Законот за работните односи, како и Предлог-законот за остварување право на пензија за работниците во рударството.

На деневен ред на седницата број осум во прво читање се измените на Законот за јавно обвинителство и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година.

Пратениците на 40. седница во прво читање ќе расправаат за Предлог-законот за високото образование, а на дневен ред се и закони од сферата на праводсудството – измени и дополнувања на законите за Судскиот совет на Република Македонија, за судовите, во прво читање.

На дневен ред на 40. седница е и Предлог-национална стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година.

Во второ читање на оваа седница е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и измените и дополнувањата на Законот за полиција.

Пред пратениците на 38. седница во прво читање ќе бидат ставени измените и дополнувањата на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, електронско управување и за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.

На дневен ред се и повеќе закони од областа на медицината, меѓу кои измените и дополнувањата на законите за санитарната и здравствената инспекција и за лековите и медицинските средства, двата во прво читање.

Пратениците во прво читање ќе разгледаат и економски закони меѓу кои измените и дополнувањата на законите за основање на Агенција за енергетика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост, за Народната банка на Република Македонија, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за јавни јавните набавки, сите во прво читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top