Центарот на Лејкерс, Двајт Хауард од утре е слободен играч и веќе си бара нов клуб.
Тој не го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс, а уште вечерва ќе го има својот прв состанок со челниците на Хјустон и ќе преговара за евентуален трансфер.
Покрај Хјустон, заинтересирана за Хауард е екипата на Далас која веќе соопшти дека бараат засилување на центарската позиција за наредната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


