Православните верници во недела го одбележуваат празникот Цветници, денот кога Исус Христос со своите ученици свечено влегол во Ерусалим. Тогаш народот го дочекал Исус со палмини гранчиња и цвеќе, а овој настан секоја година се прославува една недела пред Велигден.
Според традицијата луѓето на овој ден се собираат во радост, но без веселба, и иако е пост, допуштено е да се јаде риба.
Обичај е во некои краишта воочи празникот жените да одат на ливада да наберат цвеќе, па да го стават во вода да преноќи, а наутро домашните се мијат со оваа вода.Требало да се побрза, бидејќи преданието говори дека оној кој прв ќе набере цвет, една желба ќе му се исполни. Се верува дека е добро да се стави врбово гранче за брз напредок, некаде ставаат дрен за здравје, а девојките ставаат и темјанушки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.