| четврток, 6 декември 2018 |

Планетарната музичка сензација „Ту челос“ со големо шоу во Скопје во октомври

Една од концертно најуспешните светски музички атракции во моментов, дуото „Ту челос“ оваа есен доаѓа во Скопје, соопштија од „Авалон продукција“.
Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум „Score”, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 6. октомври годинава, во „Борис Трајковски“.
„Ту челос“ првпат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.
Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.
Сите детали околу влезниците за овој музички настан, кој би требало да ја одбележи оваа есен во Македонија ќе бидат познати во среда во 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top