Неодамна почнаа гласините за наводната врска меѓу хрватските музичари Јелена Розга и Стјепан Хаусер од дуото „Ту челос“. Многумина ова го нарекоа маркетиншки трик, но ни на двајцата не им пречат злобните коментари.
– Во оваа земја не смееш ни да се заљубиш! Не знам зошто толку многу се полемизира за нашата врска. Се вљубивме и среќни сме заедно – изјави Стјепан неодамна.
Сега Розга и Хаусер за првпат отворено ја покажаа својата љубов со заедничка фотографија на „Инстаграм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.