| четврток, 6 декември 2018 |

Викендот во Скопје беше во гласот на „Поточиња“: На 15 годишниот јубилеј на „Поточиња“ дојдоа 5.000 дечиња

На 24-ти и 25-ти март 2018 година во Македонска опера и балет се одржа 15 годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“.

5.000 насмеани родители и деца ги посетија 6-те настапи на „Поточиња“ во саботата и неделата. Истите беа во 11.00 часот, 13.00 часот и 19.00 часот.

Поради јубилејот организаторот Пап подготви специјално издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Популарната детска маскота „Поки“ беше водител на овој долгоочекуван детски фестивал на кој воедно учествуваше и Сара Мејс со најновата песна која ја направија со „Поточиња“  со наслов „Гласот на децата“.

За музиката и аранжманот е одговорен реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top