Традиционално, доаѓањето на пролетта ни носи и ново издание на детскиот фестивал „Поточиња“. Овој реномиран детски фестивал годинава ќе го има своето 13. издание, а организаторот „Пап продукција“ најавува 15 нови детски хитови, видеонајави, награди и изненадувања за присутните. За да биде сликата комплетна, сцената на Македонската опера и балет ќе блесне во волшебен сјај подготвена за уште една голема детска забава. „Поточиња“ 2016 ќе се одржи на 26 и 27 март во МОБ, а термините за претставите се 11.00, 13.00 и 19.00 часот во двата дена. Билетите се во продажба на Билетарницата на МОБ, Југотон рекордс, 1/2 Југотон и цвеќарница Розе 2 по цена од 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.