| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас во БиХ: Убивам за 10.000 конвертибилни марки по глава

На интернет сајт во БиХ осамна оглас на кој „платен убиец“ ги нуди своите услуги за 10.000 конвертибилни марки по „глава“, јави бањалучкиот портал Глас Српске.

Глас Српске не го наведува името на огласувачот, но пишува дека е од градот Витез и држи пиштол во устата. Огласот имал 12.000 посети пред да биде отстранет од сопствениците на сајтот.

– Ни се обратија неколку корисници кои бараа да го отстраниме овој оглас и тоа го сторивме. Луѓето имаат бујна фантазија и немаат граница. Санкционираме се што е навредливо или злоупотребува туѓи податоци, велат администраторите на сајтот, верувајќи дека и овој е еден од шегобијните огласи кои се честа појава и кои не можат целосно да ги контролираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top