Во Клубот на пратениците, денеска во 12 часот ќе се одржи првата јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија.
На собирот ќе се обратат министерот за култура Роберт Алаѓозовски, советничката за култура на премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова, и автори и стручњаци од оваа област кои се предлагачи на моделот за рестартирање на Музичката продукција на МРТ.
Ве каниме да ја проследите расправата на која се поканети голем број автори и музички продуценти, претставници од музичките здруженија, од МРТВ, од Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, Министерството за информатичко општетство, од Комисијата за култура при Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.