| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжете си го животот со овие седум здрави навики

Овие седум здрави навики доколку ги внесете редовно во вашиот живот, би можеле да ви го продолжат и за 11 години. Не е лесно, но сепак важи она дека „Кога се сака, се може.“

На што треба да се навикнете?

1. Никогаш не го прескокнувајте појадокот. Оние кои појадуваат редовно имаат позитивен став кон работата и се поефикасни.

2. Јадете доволно овошје и зеленчук. Антиоксидансите кои ги содржат го забавуваат стареењето и ќе ги внесете и потребните витамини.

3. Не прескокнувајте оброци. Јадете секој ден во исто време. Прескокнувањето оброци води до прејадување и губење контрола врз исхраната.

4. Престанете да пушите. За штетното влијание сигурно сте веќе запознаени.

5. Вежбајте секојдневно. Потврдено е огромното позитивно влијание кое го има вежбањето врз вашето тело.

6. Наспијте се. Кога спиете вашето тело добива шанса да се обнови, освежи и да се подготви за соочување со новиот ден.

7. Секој ден одвојте време за себе. Опуштете се со купка, медитација, лежење, музика..било што, што може да ви го врати оптимизмот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top