Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 20 минути на влезот пред Медицинскиот Центар во Гостивар бил пронајден починат маж.
Се работи за 47-годишниот Н.Ј. од селото Врбјане, гостиварско.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвиниел и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.