| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко Коцев ја напиша македонската порака за Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот 27 март на големата сцена во Mакедонски народен театар (МНТ) во 21 часот ќе се одигра претставата „Силјан штркот шанца“ од авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, соопштија од Националниот театар.

– За сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, ќе имаат можност оваа изведба да ja гледаат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на истата – велат од МНТ.

Непосредно пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани македонската порака која оваа година ја напиша актерот Сашко Коцев и четирите светки пораки на Сајмон МекБарни – театарски и филмски режисер од Велика Британија, Маја Збиб – театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на Театарската Куќа „Зукак“ од Либан, Рам Гопал Баџаџ – театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи – Индија и ВереВере Лајкинг Гнепо – мултидисциплинарен уметник од Брегот на слоновата коска од Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top