По повод Светскиот ден на театарот 27 март на големата сцена во Mакедонски народен театар (МНТ) во 21 часот ќе се одигра претставата „Силјан штркот шанца“ од авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, соопштија од Националниот театар.
– За сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, ќе имаат можност оваа изведба да ja гледаат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на истата – велат од МНТ.
Непосредно пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани македонската порака која оваа година ја напиша актерот Сашко Коцев и четирите светки пораки на Сајмон МекБарни – театарски и филмски режисер од Велика Британија, Маја Збиб – театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на Театарската Куќа „Зукак“ од Либан, Рам Гопал Баџаџ – театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи – Индија и ВереВере Лајкинг Гнепо – мултидисциплинарен уметник од Брегот на слоновата коска од Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст