Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман гостувал во емисијата „60 минути“ на ТВ куќата СиБиЕс, каде одговорил на низа прашања за улогата на исламот, женските права, но и за своето богатство.
На почетокот рекол дека е свесен дека во Саудиска Арабија е доминантна ултраконзерватитвната интерпретација на исламот, поради што на жените им се одземени човечките права.
-Бевме жртви, посебно мојата генерација многу страдаше – рекол за ултраконзервативниот бран кој ја зафати земјата во 1979 година.
Тој вети дека ќе ги зголеми правата на жените во Саудиска Арабија, а ќе започне со правото жените да може да возат автомобил.
-Жените се апсолутно рамноправни со мажите. Сите сме човечки суштества и меѓу нас нема разлика -рекол тој.
После неговото доаѓање на власт ублажени се одредбите за тоа што жените смеат да носат, зголемен е нивниот удел во работата сила, а се работи и на изедначување на платите на мажите и жените.
На него му забелжуваат што троши енормни суми на пари, додека јавно зборува за фискална одговорност и нови даноци. Во медиумите се појавија информации дека купил јахта за 500 милиони долари, француски дворец за повеќе од 300 милиони долари и слика за 450 милиони долари.
-Што се однесува до моите приватни трошоци, богат сум, не сум сиромашен. Не сум ни Ганди, ни Мендела- заклучил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт
-
Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)