| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена мрежа на криумчари, на жртвите им се заканувале со вуду магија

Во една од најголемите операции против трговијата со луѓе на територијата на Европа разбиена е нигериска мрежа. Истрагата почна кога малолетно лице пријавило во полиција дека под закана со вуду магија станало жртва на трговците со луѓе.
– Жртвите од Нигерија до Европа биле транспортирани преку Либија и Италија. Крајна десетинација била Шпанија, каде жените биле држени во лоши услови во Алмерија, соопшти Европол.
Во соопштението се посочува и дека криминалната мрежа била активна во неколку европски држави.
Шпанската Цивилна гарда спровела 41 рација во 11 градови, додека британската Национална агенција за борба против криминалот извршила рации во Манчестер, при што се уапсени 89 луѓе поврзани со мрежата, 39 жртви се спасени, а преку банкарските сметки на мрежата се испрани околу 300.000 евра, кои сега се блокирани.
Во соопштението на Европол не се наведува кога се извршени рациите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top