| четврток, 6 декември 2018 |

Владата се исчисти од правдата за Алмир – играчките завршија во црни вреќи (галерија)

Вратите отворени – играчките фрлени. Владата се исчисти од правдата за Алмир. Протест за правда на Алмир во Скопје заврши рано. Демонстрантите си заминаа од пред Владата на Република Македонија и откако завршија обраќањата на организаторите пред Владата се тие оставија фотографии, знамиња, но и играчки за малиот Алмир, а потоа се разитидоа. Откако и последните учесници на протестот заминаа, службите од владата организрираа расчистување на влезот на Владата и притоа сите иставени играчки, фотографии и знамиња завршица во корпите за отпадоци.

„Обвинителите го убиваат Алмир по втор пат?!”, „Правда за Алмир” и „Убиство, а не сообраќајна несреќа”, се дел од пораките кои беа упатени од денешниот протест.

Малиот Алмир од Куманово почина на 4 годишна возраст како последица на удар со возило кое го управувал Б.И. кој претходно имал караница со родителите на починатото дете.  Осомничениот Илиќ се товари за кривично дело „убиство” од Кривичниот законик по член 123 став 2, кој гласи: „Со затворска казна од најмалку 10 години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност животот на уште некое лице”.

Освен за убиството на малиот Алмир, Илиќ е осомничен и за обид за убиство на родителите на детето. Илиќ се наоѓа во притвор.

Според обвинението, Бобан Илиќ со мерцедес Ц 200, во кој биле и неговиот брат Б.И. (23) и лицето Т.Д., во близина на Здравствениот дом – Куманово, со предниот десен дел од возилото намерно удрил во семејството Алиу. Детето Алмир, со тешки телесни повреди беше префрлено на Детска хирургија во Скопје, но по неколку дена им подлегна на повредите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top