Вратите отворени – играчките фрлени. Владата се исчисти од правдата за Алмир. Протест за правда на Алмир во Скопје заврши рано. Демонстрантите си заминаа од пред Владата на Република Македонија и откако завршија обраќањата на организаторите пред Владата се тие оставија фотографии, знамиња, но и играчки за малиот Алмир, а потоа се разитидоа. Откако и последните учесници на протестот заминаа, службите од владата организрираа расчистување на влезот на Владата и притоа сите иставени играчки, фотографии и знамиња завршица во корпите за отпадоци.
„Обвинителите го убиваат Алмир по втор пат?!”, „Правда за Алмир” и „Убиство, а не сообраќајна несреќа”, се дел од пораките кои беа упатени од денешниот протест.
Освен за убиството на малиот Алмир, Илиќ е осомничен и за обид за убиство на родителите на детето. Илиќ се наоѓа во притвор.
Според обвинението, Бобан Илиќ со мерцедес Ц 200, во кој биле и неговиот брат Б.И. (23) и лицето Т.Д., во близина на Здравствениот дом – Куманово, со предниот десен дел од возилото намерно удрил во семејството Алиу. Детето Алмир, со тешки телесни повреди беше префрлено на Детска хирургија во Скопје, но по неколку дена им подлегна на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија