Често слушаме и пишуваме дека холивудските актери, актерки и славни фаци од светот на шоубизнисот „тежат“ толку и толку. Тоа, во суштина, претставува нето вредност на нивното богатство. Дали вие знаете колку сте „тешки“ во тој поглед?
Експертите велат дека од пресудна важност е секој човек да си го знае за себе тој податок, бидејќи тој е најмеродавен показател на вашата финансиска состојба.
Ако вашата нето вредност е во минус, без оглед на банковното салдо, многу веројатно дека ќе западнете во финансиски проблеми побрзо отколку што мислите. Статистиката вели дека само четвртина од младите помеѓу 18 и 34 години знаат колку „тежат“, иако тоа, всушност, секој сам може многу лесно да си го пресмета.
ФОРМУЛА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ФИНАНСИСКА НЕТО ВРЕДНОСТ
Вашата финансиска нето вредност е вредноста на вашиот имот – во кој спаѓаат кешот во банка и вредните ствари кои ги поседувате, како автомобил, имот, накит, уметнички дела и слично – минус сите долгови кои ги имате, како кредити, борчови и слично.
„Своите приходи, за разлика од имотот, не ги поседувате. Ваш е само делот од приходите кој и останува на крајот од месецот, така што висината на платата воопшто не дава јасна претстава за вашата финансиска состојба“, објаснува Стефани О’Конел за Daily Mail.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НЕТО ВРЕДНОСТА
Што ако сте, да речеме, студнет кој не поседува никаков имот и уште исплаќа кредит за студиите? Па, вашата нето вредност тогаш секако дека е во минус, но тоа вас не треба да ве загрижува ако сте мудри во вашите постапки и потези.
„Првиот чекор треба да биде намалување на долговите и тоа е поважно отколку да билдате заштеда“ вели споменатата експертка.
Советот кој го дава е, освен што треба да ги враќате долговите, да ја „замрзнете“ и потрошувачката на „глупости“, како вишок нова облека и патувања. Ограничете го износот кој смеете да го потрошите о еда недела или еден месец и држете се строго до тоа ограничување.
извор: taratur.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.