Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одново повика во училиштата во Турција да се изучува турскиот јазик од времето на Османлиската Империја.
Како што објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“, Ердоган оценил дека „јазичната револуција“ спроведени во првите години на Републиката, му „нанела штети на трскиот јазик“.
– Во името на „јазичната револуција“ нашиот турски јазик беше натрупан со невкусни, безбојни и бездушни зборови, изјави Ердоган на церемонија на доделување на наградите на учесници на литературен конкурс, која се одржа во Претседателската палата во Анкара.
Според Ердоган, со спроведените реформи на јазикот бил извршен обид за „ослабување на врската меѓу турската нација и нејзината древна цивилизација“.
Османлискиот турски јазик, кој бил службен јазик во Османлиската Империја, користел арапско писмо, а неговата лексика имала огромен број арапски и персиски зборови.
Во периодот меѓу двете светски војни по иницијатива на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк во земјата е спроведена „културна реформа“ со цел да се изгради секуларна држва по западен терк.
Во тие рамки во 1928 година арапското писмо е заменето со латинично, а во 1932 година е формиран Институтот за турски јазик, со задача да спроведе реформа на јазкот, првенствено со замена на арапските и персиските зборови со турски еквиваленти.
Ердоган досега во неколку наврати ги критикѕваое јазичните реформи од тој период, кои според него „ја прекинале врската со историјата“ на Турција,
– Ако и ги пресечете вените на една нација со нејзиниот јазик, тогаш сте и ги прекинале врските со нејзините дедовци, посочи Ердоган, додавајќи дека токму затоа османлскиот турски јазик треба да се изучува во училиштата.
Ердоган го критукуваше и влијанието на интернетот врз јазикот и ги повика турските граѓани да избегнуваат употреба на странски зборови. Тој воедно им препорача на сопствениците на фирми и продавници чии називи содржат странски зборови, да им ги променат имињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.