| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновски: А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната?

Денеска по медиумите излезе информацијата дека оние кои што нема да го почитуваат Законот за јазиците кој насилно беше донесен вчера во Собранието на Република Македонија, ќе платат казна од 4. 000 до 5. 000 евра во денарска противречност.

– А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната – праша политикологот Владимир Божиновски во емсијата „Топ Тема“ на Телма ТВ.

Освен овој недостаток, Божиновски наведе низа на недоследности кои го има овој закон за кои не беше дискутирано во Собранието и истите не беа отстранети.

– Се укажаа на повеќе недоследности во самиот закон. Зошто тие недоследности не беа отстранети? На пример, законот уредува материја , закон кој што се носи со апсолутно мнозинство од 61 пратеник треба да уредува материја во системски закони кои што се носат со 81 пратеник. Невозможно е тоа – истакна Божиновски.

Тој наведе дека овој закон стана проблематичен уште од ставање на европското знаменце на законот.

Божиновски се консултирал со многу експерти кои ја познаваат оваа проблематика и сите до еден му потврдиле дека овој закон неможе да биде со европско знаменце.

Божиновски додаде дека не требало да се брза за да се воведе овој Законот за јазиците. Тој наведе дека од старт овој закон е проблематичен и пред се треба да се дискутира за да овој закон биде прифатлив и за македонската јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top