Сите наеднаш се опседнати со исфрлање на јаглените хидрати од исхраната. Она што поголемиот дел од луѓето најмногу ги боли е тоа во таквите диети лебот е забранета зона, а знаете ли што се случува со телото кога од него ќе ја исфрлите оваа основна намирница?
Кето диетата се чини стана императив и лек за се и се повеќе луѓе мислат дека е неопходно од исхраната да го отстраните сите јаглени хидрати, мегутоа, како што нагласуваат и нутриционистите, преработените и непреработените житарици не се исти и ефектот на нивното исфрлање не е ист. Сепак да не ја прошируваме приказната, ќе се ограничиме само на лебот од било кој вид. Еве што ќе ви се случи кога него ќе го отстраните од исхраната:
Ќе исфрлите вишок на вода од организмот
Кога ќе го намалите внесот на јаглени хидрати, ќе ви изгледа како килограмите да се топат, но ќе мораме да ве разочараме. Навистина ќе се топат, но тоа нема да биде вишокот на масни наслаги туку само вишокот на вода.
– Кога јаглените хидрати се складираат во телото во форма на гликоген, секој грам на хидрати складира своја трострука или четириструка тежина на вода во себе – нагласува Мари Спано, нутриционистка.
Значи, вишокот и понатаму е тука, а сте ја отстраниле само водата.
Ќе добиете „КЕТО ГРИП“
– Јаглените хидрати се главен извор на енергија за мозокот. Кога ќе го намалите нивниот внес и кога мозокот го потроши самиот гликоген, телото разложува масти и се движи со помош на кетон. Резултати на тоа се лош здив, сува уста, умор, слабост, вртоглавица, несоница и заматеност во мозокот. Како да имате јак грип. На крајот, ако издржите доволно долго, телото ќе се привикне да работи на кетон, но тоа никогаш нема да му биде примарен ниту доволен извор на енергија – го нагласува ова нутриционистката.
Ризикот за заболување од срцеви болести и дијабетес оди горе – или долу
Овде е многу важно за каков вид на јаглени хидрати зборуваме – дали се во прашање рафинирани житарици или интегрални. Додека стуриите покажуваат дека рафинираните житарици го зголемуваат ризикот од овие заболувања, други истражувања докажуваат дека интегралните житарици го намалуваат холестеролот и ризикот од заболување од срцев болести, дијабетес и гојазност.
Ќе имате помалку енергија
Житарките од цело зрно се идеални извори на магнезиум, и Б витамин, а сите тие се клучен извор на енергија тврди Др Мари Спано, додавајќи дека поголемиот дел од луѓето и онака веќе патат од недостаток на магнезиум.
Житарките од цело зрно го прават поголемиот дел од влакната кои се внесуваат, а тие покрај тоа што се неопходни за добро варење, неопходни се и за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.
Станувате понесреќни
Јаглените хидрати од било кое потекло предизвикуваат појачано лачење на хормонот на среќа, сератонин. Кога сосема ќе ги отстраните јаглените хидрати, тоа ќе се препознае и на вашето намуртено лице.
Нема да можете да вежбате како порано
Како што Др Спано веќе нагласи, примарен извор на енергија за телото се јаглените хидрати и телото ги користи најмногу за сите видови на тренинг или вежбање за издржливост и снага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.