| четврток, 6 декември 2018 |

Кардиолог открива каков леб можеме да јадеме колку што сакаме

Кардиолот Стивен Гандри од Небраска, автор на книгата „Парадоксот на билките“ тврди дека постои само еден тип на леб кој можеме да го јадеме без грижа на совест.

Тој леб не содржи житарки, соја, квасец и глутен. А сепак изгледа како леб и го нарекол „barelybread“ (Речиси леб).

Од што се состои тогаш?

Од белки од јајца, бадемово брашно, кокосово масло, кокосово брашно, брашно од сладок компир, брашно од лешници, путер од бадем и уште неколку ситници.

Едно парче по неговиот рецепт, има 90 калории.

Секако, др.Гандри почнал со производство на овој леб па не го открива целиот рецепт.

Со оглед на тоа што кажал дека инспирацијата за лебот потекнува од палео исхраната која изобилува со рецепти за леб од слични состојки, и вие можете да си направите некоја своја верзија од овој здрав „речиси леб“.

Еве идеја:

Состојки:

2 шолји бадемово брашно
1/3 чаша + 1 лажица мелен лен
1 лажичка зрна од цел лен
½ лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
½ шолја густин
6 лажици путер
4 јајца
1 лажичка јаболков оцет
½ чаша кисело млеко

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во прав и ленот.
Во тавче стопете го путерот и оставете да се излади пет минути. Помешајте го стопениот путер со јајцата, оцетот и киселото млеко.

Со гумена лопатка нежно измешајте ги влажните и сувите состојки додека не добиете тесто.Ставете го во сад за печење обложен со хартија за печење и по желба поросете уште малку лен.
Печете на 175 степени околу 25 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top