Тимот на противпожарна единица од Куманово, предводен од командирот на смена Видан Трајковски денеска спаси дванаесетгодишно дете кое се обидело да се спушти од балконот од зградата во која што живеело во Куманово.
Случајот во кумановската противпожарна единица го пријавил сосед на детето, кој забележал како тоа се обидува да се спушти од својот на балконот под неговот стан, пренесува МИА.
– Веднаш се упативме на местото и со тројца колеги со скала го спуштивме детето на терасата под нив. Детето е неповредено и беше прифатено од родителите, изјави Трајковски.
Тој вели дека детето се уплашило и мислело дека крадец чука на вратата од станот и се обидело да избега, спуштајќи се од балконот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.