Македонски народен театар – Скопје заедно со Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија, и четири други национални театри од различни држави од Балканот ја основаа/се вклучија во Асоцијацијата на балканските национални театри / АБНТ /. Имено, Мариус Донкин, директорот на „Иван Вазов“, и претставниците на театрите од Македонија, Албанија, Косово, Словенија и Романија потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е здружување на театрите и размената на искуства. На асоцијацијата ќе се приклучат и театрите од Турција, Србија и Грција, кои ќе се потпишат на меморандумот во текот на месец март и кои не присуствуваа на основањето на асоцијацијата во Софија.
На церемонијата присуствуваа Мариус Донкин – директорот на „Иван Вазов“, Јернеј Пристов – меѓународниот менаџер во Националниот театар на Словенија, Агон Мифтари – уметничкиот директор на Народениот театар на Косово, Хервин Кули – генералниот директор на Народениот театар на Албанија, Нина Николиќ – режисер, претставничката од Македонски народен театар – Скопје, Македонија и Адриана Попеску – меѓународен менаџер на Народниот театар во Букурешт.
Една од главните цели на асоцијацијата е организирање на форуми, кои ќе се случуваат секои две години во балканските национални театри. Првиот форум ќе биде во 2020 г., а домаќин е националниот театар„Иван Вазов“ од Бугарија – како иницијатор на идејата. Овој меморандум произлегува од потребата за вистинска, плодна и конкретна соработка помеѓу националните театри од земјите на Балканот, взаемно запознавање и дејствување на креативно и лично ниво, креирање и расправа за нови уметнички платформи, идеи и форми на театарското делување во средината на 21 век. Целта е споделување на нови и функционални креативни идеи и практики во работата на Националните театри како главни национални културни институции кои го претставуваат националниот и регионалниот идентитет на земјите на Балканот.
Според иницијаторот за основањето на мрежата, Мариус Донкин, „ова здружение е најдиректниот и најефикасен начин на комуникација, креативен живот и соработка. И ова е еден од начините на кои нашите народи ќе живеат подобро. Да се надеваме дека она што го создаваме сега има долг живот и значење за сите. Верувам дека ќе бидеме достојни за развојот на активна духовна и културна активност. Во периодот помеѓу театарските форуми ќе организираме работилници за драматурзи, сценографи, ќе разменуваме автори, претстави и актери.“
„Докажани сме дека работиме како професионалци и имаме огромна публика – сето тоа ни дава верба дека оваа иницијатива има огромен потенцијал. Ќе ми биде драго да ги видиме тука и националните театри на Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, изјави режисерката Нина Николиќ.
„Унијата што ја создадовме денеска не е само политичка, туку главно културна. И тоа значи дека заедно сме посилни. Дека ќе бидеме повеќе пријатели и нема да сме непријатели. И преку културата, ќе постигнеме мир и соработка. Ние ја делиме заедничката приказна што мора да ни даде верба да одиме напред“, категоричен беше Хервин Кули
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“