Американски воен авион се урна во водите на Атлантскиот Океан во близина на бреговите на сојузната држава Флорида, при што загинаа двајцата негови пилоти.
Како што соопшти американското Воено воздухопловство, двајцата пилоти на авионот од типот ФА-18 „Хорнет“ успеале да се катапултираат пред уривањето на леталото, но сепак не успеала да преживеат.
Причините за уривањето на авионот засега не се позанти.
Воениот авион полетал од поморската база „Осеанија“ во американската сојузна држава Вирџинија и се урнал во близина на островот Ки Вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.