Ексминистерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во времето на своето министерување на почетокот од 90-тите години дал наредба за оперативна обработка на митрополитoот преспанско-пелагониски Петар, открива „Дневник“.
Владика Петар за „Дневник“ ја потврдува информацијата.
„Kога почна лустрацијата за Фрчкоски пред околу една година и беше прозван дека следел и свештени лица, тогаш се изјасни дека тој го продолжил тоа што го правеле неговите претходници, а дека било правено и по него, што во суштина не е никакво оправдување. Не може својот грев да се очисти повикувајќи се на гревовите на другите.
– Тоа си е негов грев и треба да го очисти со јавно извинување дека сторил престап и признание дека дал наредба да се клеветат луѓе. Досега тој не го повлекол тоа што го наредил или не негирал дека тоа го сторил – вели митрополитот преспанско-пелагониски Петар.
Владиката вели дека не го побарал досието.
„По сето тоа можеби и ќе го побарам и тоа нема да го направам со намера да се одмаздувам некому, туку ако можам да им дадам до знаење дека треба да се поправат оти во спротивно си ги ставаат душите во пеколот. Одмаздата е Божја. Господ е тој што суди, јас единствено ако можам да повлијаам тие искрено да се покајат и да се извинат за стореното.
– Тогаш сум подготвен да им дадам прошка. Но, за тоа е потребно вистинско искрено покајание. Немам намера некого да тужам, но ако не се покојат за стореното, тие не само што го валкаат својот углед, туку го оцрнуваат и целото семејство, своите блиски и нивните потомци давајќи им слика на клеветници, кодоши – вели владиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија
-
Владиката Петар: Не се луксузираме, младите возат поскапи возила од нас
-
Фрчковски со закана до судиите дека ќе одговараат кривично, се создава судство по теркот на СДСМ!?
-
Владика Петар: Провокациите и прекршувањето на правото го испровоцираа народот (ВИДЕО)



