Канадскиот психијатар Мелвин Исков (72) со децении вршел третмани чија цел била да им помогне на хомосексуалци да станат хетеросексуалци. Докторот од Торонто ја третирал хомосексуалноста како пореметување и работел со поголем број млади момчиња кои страдале од депресија и имале хомосексуални тенденции.
Но, дисциплинска комисија на Колеџот на психијатри и хирурзи на државата Онтарио минатата недела му ја одзема лиценцата на Исков откако се утврди дека тој стапил во хомосексуална врска со повеќе пациенти. Во рамките на дисциплинската истрага, најмалку двајца пациенти потврдиле дека имале врска со Исков, додека тој се обидувал да ги излечи од хомосексуалност. Се работело за полнолетни но млади момчиња чии родители побарале помош од Исков, а терапијата завршила со љубовни врски.
Светската здравствена организација престана да ја смета хомосексуалноста за болест во 1992 година, а од 2015 година канадската држава Онтарио им забранува на лекарите да вршат психијатриски третмани чија цел е да ја сменат сексуалната ориентација на хомосексуалците. Дозволата на Исков му е одземена затоа што лекарските стандарди во Онтарио забрануваат љубовни врски меѓу лекарите и пациентите, а докторот воедно не сакал да се изјасни дали хомосексуалноста ја смета за болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.