| четврток, 6 декември 2018 |

Власта ослободува терористи и воени злосторници – а за тероризам затвора лекар кој спасил стотици животи

Државата се наоѓа на работ на општествен хаос, правната држава е деградирана, а правото не се почитува.

Со доаѓањето на новата власт, судството повеќе не одлучува согласно закон, туку по диктат на партијата на власт, со цел задоволување на нејзините потреби.

Денеска беше извршено класично силување на законот, без почитување на пратеничкиот имунитет беа уапсени неколку пратеници, меѓу кои и лекарот Сашо Василевски, интернист, човек кој целиот свој живот го посвети на медицината и спасувањето на човечки животи во неговиот роден град Охрид и татко на три деца.

Правото не се практикува во Република Македонија, судовите не одлучуваат по закон, туку по притисок на власта, па така се доведуваме во ситуација терористи и убијци да се пуштаат од затвор, а да се апсат чесни луѓе, лекари, како Сашо Василевски, кој целиот свој живот го посветил на медицината и лекувањето на луѓе во неговиот роден град Охрид.

Власта почна да ја реализира обврската од Тиранската платформа и тоа со непочитување на Уставот и законите во Република Македонија. Случајот Монструм, во кој на свиреп начин беа убиени пет деца кај Смилковско езеро е вратен на повторно судење, со што на убијците им се отвора можност за поблаги казни, а можеби и ослободување од затвор, инаку дел од терористите од Монструм и се и бивши затвореници од Косово за други тешки кривични дела, сега власта го поистоветува доктор Сашо Василевски, познат лекар со класични криминалци, убијци и луѓе што извршиле тероризам и на Велики Четврток во 2012 година убија пет лица кај Смилковско езеро.

Власта го поистовети доктор Сашо Василевски, со терористите од кумановско „Диво Насеље“ каде убиени беа 8 припадници на безбедносните сили на Република Македонија, заедно со познатите криминалци и учесници во неколку војни како: Командант Малишева, учесник во војната во Косово и во воениот конфликт во 2001 година, Сами Укшини АКА Командант Соколи, учесник во војната на Косово, член на ОВК и ОНА и Дем Шеху, учесник во војните во Косово и Македонија.

Која е вината на доктор Сашо Василевски? Со што тој заслужил да биде поистоветуван со криминалци и терористи од типот на терористите од „Диво Насеље“ и „Монструм“ кои извршија терористички напад и убија неколку луѓе.

Вината на Сашо Василевски е тоа што истиот е член на ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе, неговата вина е затоа што не е дел од хунатата која ја запоседнала власта во Република Македонија и со недемократски средства, на крајно мафијашки начин се обидува да владее со државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top