EPSU како социјален партнер на Европската Унија и Европската Комисија, остро реагира на мешањето на Владата на Република Македонија и нејзините претставници во независното синдикално движење и грубиот упад во гранскиот синдикат ССЕРИ, Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија при Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија, информираат од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.
EPSU ја повикува Владата на Р. Македонија и нејзините преставници да се повлече од нападот на синдикатот и да дозволи согласно конвенциите на Меѓународната Организација на трудот, единствено специјализирано тело при Обединетите Нации, независно синдикално здружување, во спротивно ќе ги преземе сите мерки на Европско ниво како социјален партнер истото да се обезбеди од страна на повисоки инстанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шеќеринска и Царовска не ги премислија слободните синдикати: Утре на протест за подобра иднина, за живот… (видео)
-
Минимално покачување на платите: Синдикатите во здравството и полицијата се чувствуваат измамени
-
ССМ: Муратовски кој што ССМ го претвори во испостава на СДСМ не може да зборува за синдикализам
-
ССМ до Ременски: Не ќе можете да избегате од правдата и од вистината