Македонскиот спорт остана без еден од своите најистакнати атлетски работници, Атанас Кираџиев.
Поранешниот долгогодишен македонски атлетичар и гимнастичар почина денеска, информираат од атлетскиот клуб „Ендуранс“.
– Македонската атлетика и нашиот тим загубија еден голем атлетски работник. Атанас Кираџиев – стартерот без кој стартовите на големите трки повеќе нема да бидат исти – информираат од клубот.
Атанас, љубовта кон атлетиката ја пренесе и на неговите две деца, шампионот на Македонија во маратонско трчање, Александар Кираџиев како и националната рекордерка Весна Кираџиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.