Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Софија оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов и Претседателот на Европската народна партија, Жосеф Даул.На средбата се разговараше за европската агенда на регионот и зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија чиј составен дел е и ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека стратешки приоритет преставува членството во ЕУ како суштинска ориентација преку која треба да се овозможи унапредување на стандардите и овозможување на шанси за напредок.
Мицкоски посочи дека Република Македонија за жал има реформски процес кој се одвива под посакуваното ниво и планот на владата 3-6-9 останува неисполнето слово на хартија.
Потребни се клучни подобрувања пред се реформа на судскиот систем, поддршка на економијата и стопанството и нејзин суштински развој, каде за жал досега имаме еден од најслабите економски резултати како држава, како и мерки за овозможување на квалитетно образование како клучен столб за развој на едно општество, додаде Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во разговорот со бугарскиот премиер, Борисов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, кои се темелат на принципи, чесност и искреност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски