| четврток, 6 декември 2018 |

„Што ја храни вашата фантазија?“ – Моден викенд Скопје го подготвува 17. издание

Седумнаесетто издание на Моден викенд Скопје за сезоната пролет – лето 2018 ќе се одржи од 30 март до први април под слоганот „Што ја храни вашата фантазија“? (What feeds your imagination?).
Ова издание на најпрестижниот моден настан во Македонија ќе се одржи во нов и необичен амбиент -Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Изминатиот викенд пред фото објективите застана девојка од модната агенција „Подиум“ Мануела Гочевска.

– Водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да ги видите пролетните колекции, токму во библиотеката ќе ве пречекаме на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје. Модата се смета за еден од најголемите визуелни феномени веќе со децении и она што одамна ги помести границите меѓу уметноста, литературата, архитектурата и формите. Резултат на интеракцијата меѓу модата и уметноста е имагинацијата. Преку модните креации сакаме да ги прочитаме, ослободиме и предизвикаме имагинациите и визуелната култура кај сите модни вљубеници – велат од Моден викенд Скопје.


Моделот Гочевска е облечена во колекцијата на „Mango“ и Fashion Group Macedonia. За фризурата се погрижи „Rebeel“ во соработка со Даниел Артевски а за шминката Зоран Шурбевски.

Фотографиите и видеото од снимањето ги потпишува Марина Трајковска а графичкиот
дизајн на имиџ-насловната Дејан Зафировски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top