
Албанската полиција заплени 350 килограми марихуана, која била во процес на обработка и уапсила пет лица. Меѓу уапсените се лицето Г.А. (24) како и четири жени на возраст од 30 до 47 години.
– Апсењето следуваше по добиените информации дека во куќата на лицето ГA. се врши обработка на марихуана. Во неговата куќа во селото Чоруш запленети се околу 350 килограми марихуана, дел веќе обработена и подготвена за транспорт, стои во полициското соопштение.
Пред два дена италијанската полиција заплени пет тони, додека грчката пола тон марихуана прошверцувана од Албанија.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера рече дека владата победила во борбата против наркотици и оти Албанија не е веќе на мапата на земји кои одгледуваат канабис. Рама потенцираше дека земјата е „исчистена од канабис“ и дека не постои можност да се врати на негово одгледување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


